Трамп: „Тајм“ сакаа да ме прогласат за ‘човек на годината’, ги одбив

Доналд Трамп одби да биде именуван втора година по ред за “Човек на годината” од страна на магазинот Тајм.
Американскиот претседател изјави дека списанието размислувало да го прогласи за човек на годината, но тој одбил зашто не сакал да даде интервју и да учествува во фотографирањето, објави Вашингтон пост.
„Од списанието Тајм, рекоа дека јас веројатно ќе бидам „Човек на годината“, како и лани, но притоа ќе морам да се согласам на едно интервју и една голема фотографија“, напиша американскиот претседател на Твитер. „Им реков дека веројатно нема да ми одговара и ги одбив.“, додаде во пораката.
Како одговор на ова, од редакцијата на списанието изјавија дека шефот на државата бил во заблуда за тоа како се одвива изборот на „Човек на годината“ и истакнаа дека нема да коментираат за нивниот избор пред објавувањето на наградата.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели