Трамп планира драстично намалување на социјалната помош во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп, охрабрен од усвојувањето на најголемите даночни реформи во последните неколку децении, сега сака да преземе радикални мерки за кратење на социјалните програми. Дел од конгресмените републиканци се воздржани за ваквиот потег со оглед на тоа дека станува збр за чувствително прашање во изборна година за дел од Представничкиот дом и Сенатот.
Намерата на Белата куќа да ги намали владините програми за помош, како што се надокнадата за набавка на храна и за сместување за најсиромашните семејства, може да предизвика негативна реакција на конзервативните донатори во кампањата на чија поддршка сметаат републиканците на делумните избори за Конгресот во ноември, на кој ќе настојуваат да ја задржат контролата во ова тело.
Советниците во Белата куќа сметаат дека Трамп за идејата за кратење на парите за помош ќе има поддршка од Пол Рајан, претседавачот на Претставничкиот дом, кој одамна се залага за истата мерка. Аналитичарите предупредуваат дека полесно ќе биде да се применат даночните закони, отколку драстичното намалување на социјалните програми кои ги користат 42 милиони Американци, односно 21 милион семејства, за што се издвојуваат 58 милијарди долари годишно.
 

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели