Трамп не е поканет на Самитот за борба со климатските промени кој што ќе се одржи во Париз

Претседателот на САД, Доналд Трамп не е помеѓу поканетите 100 светски лидери на Самитот за борба со климатските промени во Париз, кој што ќе се одржи следниот месец.
Претседателот на Франција Емануел Макрон планира на самитот да ја форсира својата агенда под наслов, „Да ја направиме нашата планета повторно голема“, во стилот на мотото на Трамп за претседателските избори во САД минатата година „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Самитот има за цел да промовира т.н. зелени проекти и да обезбеди нови извори за финансирање. Според западните медиуми, испратени се покани до шефовите на оние држави кои се „посебно посветени“ на Парискиот климатски договор од 2015 година, но дека покана за САД ќе биде испратена на „дипломатско ниво“.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели