Трамп му вети на Ердоган дека повеќе нема да ги вооружува Курдите

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вели дека Реџеп Таип Ердоган добил уверување од Доналд Трамп дека САД повеќе нема да ги снабдуваат сириските Курди со оружје.
Чавушоглу додаде дека ова Трамп му го кажал на Ердоган за време на телефонскиот разговор посветен на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Трамп даде многу јасни инструкции за запирање на испораката на оружје за сириските Курди. Тој рече дека тоа требало да биде запрено и порано“, рече Чавушоглу.
Американските извори засега не ги потврдуваат овие тврдења.
САД ги поддржуваат сириските Курди во борбата против Исламската држава, додека Турција смета дека сириските Курди се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која Турција ја означи како терористичка организација.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели