Трамп: Доколку имавме построг закон за оружје во нападот во Тексас ќе имаше 100 жртви, а не 26

Доколку напаѓачот не беше сопрен од луѓе кои исто така беа вооружени, би имало многу повеќе жртви и работите би биле полошо, рече Доланд Трамп пред новинарите во Сеул.
Трамп рече дека вооружениот граѓанин Стивен Вилфорд, кој што го уби напаѓачот со своето оружје, не би можел да го неутрализира Кели доколку постоеле построги закони за оружјето.
– Доколку Вилфорд немаше оружје, наместо 26 ќе имаше стотици мртви, рече Трамп.
Тој на новинарите им рече дека построг закон за оружје не би го спречил нападот во неделата, во кој што се убиени 26 лица, а 20 се повредени.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели