Трамп: Азиската турнеја беше извондредно успешна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата азиска турнеја била извондредно успешна. Како што соопшти тој, трговијата била главна тема на разговорот и повтори дека посакува фер и реципрочна трговска размена.
Трамп кажа дека стекнал бројни пријатели за време на двонеделната турнеја во пет земји и се пофали за подобрување на односите со Филипини, откако вчера кажа дека има сјајни односи со филипинскиот претседател Родриго Дутерте.
Повеќе детали околу неговата азиска турнеја, Трамп најави во текот на оваа седмица.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели