Тони Блер: Брегзит е грешка која идните генерации нема да ни ја простат

Поранешниот британски премиер Тони Блер им порача на гласачите дека истекува времето за стопирање на Брегзит кој ќе ја „торпедира“ Британија, а последиците највеќе ќе ги почувствуваат генерацииите кои што доаѓаат.
Година ипол по референдумот со кој се одлучи Велика Британија да ја напушти Унијата, во земјата се уште има поделени мислења за Брегзит, кој актуелната премиерка Тереза Меј го закажа за март 2019 година.
Сите се согласни дека станува збор за најголемата геополитичка одлука од Втората светска војна. Блер, некогашниот премиер од редот на лабуристите, вели дека Велика Британија ќе стане сиромашна и слаба. Тој предупредува дека Меј не решила ниту еден проблем поврзан со границата со Ирска.
„Правиме грешка која светот не може да ја разбере и која идните генерации нема да ни ја простат. Во 2018 година ја имаме последната шанса да кажеме дали новите односи со Европа ќе бидат подобри од сегашните“, вели Блер во текст објавен на неговата официјална интернет страница.

Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели