Тинјеџери од Британија украле автомобил: Пет мртви, меѓу кои три деца

Две 15 годишни момчиња беа уапсени во Велика Британија, откако со автомобил што го украле удриле во дрво, усмртувајќи пет лица, меѓу кои и три деца.
Полицијата соопшти дека загинале 12 годишно момче, две 15 годишни деца и двајца мажи на возраст од 24 и 28 години.
Несреќата се случила вчеравечер, а полицијата наведува дека засега не е познато дали некои од жртвите биле пешаци или седум лица се возеле со украдениот автомобил.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели