„Теоријата за среќа“ на Ајнштајн продадена за 1,5 милиони долари

Рачно напишана порака од физичарот Алберт Ајнштајн за тајната на среќата продадена е на аукција во Ерусалим за 1,56 милиони долари, а била проценета на вредност помеѓу 5.000 и 8.000 долари.

За купувачот кој ја набавил бешеката се наддавало преку телефон, се наведува дека е Европјанин, а сакал да остане анонимен, се додава во сооштението.

Белешките што ги има напишано Алберт Ајнштајн, на кои ги објаснува својите теории за среќен живот, се појавија во јавноста после 95 години.

Познатиот физичар ги напишал белешките во 1922 година за време на неговата посета во Јапонија, каде што држел предавања.

Ајнашјн ги дал двете белешки на курир што требало да пренесе нешто до хотелот „Империјал“ во Токио. Се претпоставува дека Ајнштајн немал во себе ситни пари, па наместо бакшиш на курирот му подарил белешки.

Наследникот на овие белешки сега ги продава на аукција.

– Ако станете среќни, овие пораки ќе би бидат многу повеќе важни од бакшижот – му рекол наводно Ајнштајн на курирот.

На пораките било напишано: „Тивкиот и скромен живот носат повеќе среќа отколку трката по успех проследена со константен немир“ и „Каде што постои волја, постои и начин“.

Пораките немаат никаква вредност од аспект на физиката, но ја рефлектираат Ајнштановата психа и емотивното мислење.

извор: Плусинфо
ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели