Тензии меѓу грчките воени пилоти и екипажот на турскиот претседателски авион

Грчките воени пилоти кои вчера беа дел од почесната придружба на службениот авион на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одбиле да го поздрават високиот гостин.
Имено, додека авионот летал во границите на турската контрола на летање (FIR Istanbul) бил придружуван од страна на два борбени авиони Ф-16 на турските воздухопловни сили.
Кога навлегле во грчкиот воздушен простор турските ловци се вратиле на својата страна од границата, а во тие моменти на турскиот претседателски авион му се приближиле три грчки ловци Ф-16 од 337-та ескадрила, кои според доделената задача дејствувале како почесена придружба, во согласност со дипломатскиот протокол – да се укаже чест на високиот гостин, но исто така и од безбедносни причини.
Потоа командантот на претседателскиот авион, офицер на турската авијација, преку радио-врска побарал грчките авиони да се оддалечат, велејќи дека „не сака придружба“.
На тоа, командантот на грчката придружба одговорил дека турскиот авиони лета над територијата на Грција и дека военото воздухопловство на земјата мора да го придружува претседателскиот авион.
Грчките ловци продолжиле да го следат црвено-белиот претседателски „Ербас“, но се оддалечиле на околу две наутички милји лево и десно од него и така го следеле додека не се слетал на атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“.
Трите грчки ловци „во знак на неискажување почит и изразување на незадоволство“, при слетувањето на претседателскиот авион на Ердоган не го направиле прошталниот поздрав со прелетување во затворена формација, кој е вообичаена пракитика. Истиот беше направен за време на неодамнешната официјална посета на Атина на претседателот на Франција, Франсоа Макрон.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели