Татко си го убил детето во Германија, полицијата трага по него

Татко си го убил детето во Германија, полицијата трага по него

Во Германија трае полициска потрага по човекот за кого постои сомнение дека ја убил својата двегодишна ќерка, пресекувајќи ѝ го грлото.

Како што пренесува „Маил онлајн“, полицајците кои дошле синоќа на лице место во стан во предградие на Хамбург, остнале во шок кога виделе искасапено дете. Мајката на детето, како што пренесуваат германските медиуми, се наоѓа во многу лоша состојба, шокирана во болница и под постојан лекарски надзор.

Полицијата користи кучиња трагачи, а формирани се и тимови кои одат од врата на врата во регионот во кој се десило убиството и се обидуваат да дознаат дали некој го видел бегалецот.

Извор – http://makfax.com.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели