Таравари се сретна со генералниот директор на СЗО

Скопје, 13 септември 2017 (МИА) – Министерот за здравство Арбен Таравари вчера во Будимпешта се сретна со генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом, соопшти Министерството за здравство.

На средбата министерот Таравари уште еднаш ја потенцира важноста на партнерството со СЗО, континуираната соработка, како и подготвеноста на Министерството за позитивни реформи.

Ова е прва средба на македонски министер за здравство со генерален директор на СЗО по речиси 20 години, стои во соопштението од Министерството за здравство.гв/са/10:25

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели