Супер радио носител на Повелбата – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија од пристигнатите пет апликации одлучи проф. Ангела Крстаноска – Василевска и Супер радио, да бидат добитници на Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.
Во образложението на комисијата стои дека Супер радио неодамна го одбележа јубилејот 25 години и дека е препознатлив бренд на радио новинарството, не само во Охрид туку и во Република Македонија.
Супер радио прослави четвртина век од своето постоење. Одекна во етерот во 1992-та година со препознатливата најава “Четири годишни времиња” од Вивалди и говорот на тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели