Судот не дозволи да се прават инсерти од судењето на Груевски

Во Кривичниот суд денеска со оджува ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“.
Во овој предмет меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
По барање на одбраната, Судот не дозволи снимателите да направат инсерти од денешното рочиште иако претходно било поднесено уредно барање од страна на медиумите.
На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар, признаа четвртообвинетиот, Томислав Лазаров и петообвинетиот, Јордан Ристевски.
Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели