Студено и ветровито со врнежи од дожд и снег

Македонија денеска ќе биде под влијание на студен и влажен бран од северозапад, а времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд.
На повисоките места и на планините ќе врне снег. Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка.
Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 сантиметри снег. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели