Странските борци најсериозен предизвик за земјите од Балканот

Сложеноста на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои водат кон тероризам се дел од врвните безбедносни приоритети на нашата земја, и поради тоа се врши постојана надградба на безбедносните капацитети. Но, ниту една држава не може сама да одговори на глобалните безбедносни закани, и поради тоа потреба е меѓународна соработка, истакна премиерот Зоран Заев на конференцијата посветена на превенцијата од странските терористички борци.
Иако во последните две години ситуацијата е стабилизирана, мора отворено да се разговара зошто 150 македонски граѓани се приклучија на ИСИС во Сирија и Ирак, и што се случува со луѓето кои се вратија оттаму, посочи американскиот амбасадор Џес Бејли.  
Зголемување на граничната безбедност, зајакнување на законите против тероризмот, како и преземање на посебни чекори за спречување на одредени лица да станат терористи, ќе бидат дел од мерките со кои ќе се развиваат капацитетите за борба против тероризмот, согласни беа учесниците на конференцијата, со која се отвори Регионалната симулациска вежба, организирана од амбасадата на САД, ОБСЕ и Владата.  
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Странските борци најсериозен предизвик за земјите од Балканот Категорија: МакедонијаНовинар: Бранислав Јаневски

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели