Стар римски пат откриен во Ахен

За време на копање во германскиот град Ахен бил откриен стар римски пат, соопштија германските власти.
Археологот од Ахен, Андреас Шауб изјави дека патот е широк околу 6 метри и дека најверојатно е изграден во вториот век.
Шауб верува дека патот го поврзувал Ахен со денешниот холандски град Мастрихт. Експертите сега се обидуваат да дознаат колку долго бил користен.
Патот бил откриен кога работници копале за за подготовка на градот за Божикните празници.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели