Стапката на невработеност во еврозоната најниска во последните 9 години

Стапката на невработеноста во еврозоната во септември била на ниво од 8,9 отсто од 9,0 во август.
-Тоа е најниско ниво во изминатите девет години, односно од јануари 2009 година, наведува Евростат.
Истовремено, БДП на еврозоната е зголемен за 0,6 отсто во периодот јули – септември, што е пониско во однос на растот од 0.7 отсто во вториот квартал.
Годишната инфлација во еврозоната според Евростат, е успорена на 1,4 отсто во октомври, од 1,5 отсто од септември, бидејќи базичната инфлација е намалена на 0,9 отсто од 1,1 отсто.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели