Стапи на сила Договорот за ИПА фондови за Косово

Првиот дел од финансискиот договор за ИПА програмата 2016. за Косово стапи во сила, што значи дека таа земја отсега на располагање ќе има 45,5 милиони евра од претпристапните фондови.
Финансискиот договор стапи во сила вчера, јави денеска порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“.
Претпристапните фондови, Косово ќе ги користи за финансирање проекти од областа на човековите права и основните слободи, конкурентност и иновации, образование, вработување, социјална политика, но и како хоризонтална поддршка во исполнувањето обврски кои произлегуваат од дијалогот Белград – Приштина.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели