Стандард енд Пурс: Венецуела е делумно неспособна за враќање на долговите

Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс (S&P) денеска објави дека Венецуела е прогласена за делумно неспособна да го отплати својот долг откако не успеа да го врати доспеаниот износ од 200 милиони долари.
Оваа агенција е прва која ја прогласи земјата дека е на работ на банкрот, делумно неспособна да го сервисира својот долг.
Стандард енд Пурс соопшти дека одлуката ја донел вчера по истекот на грејс период од 30 дена за исплата на доспеаните 200 милиони долари долг. Агенцијата тоа го одлучи неколку часа по двете вчерашни средби со кредитори во Каракас и Њујорк.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели