Средба Спасовски – Десир: МВР е посветена на расчистување до крај на сите напади врз новинари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Харлем Десир. Спасовски и Десир се согласија дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.
Министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на Министерството за внатрешни работи за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото.
Спасовски го запозна Десир со реформите во МВР и мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата. Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели