Средба на Димитров со претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска оствари средба со претседателот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус и неговиот заменик Кристоф Бендер.
На средбата беа разгледани модалитетите и можните сфери на соработка поврзани со процесот на европска интеграција на Република Македонија. Соговорниците беа согласни дека транспарентноста на владините реформи може да придонесе кон поголема видливост на нивниот исход. Тоа не само што влијае врз кредибилноста на реформскиот процес, туку ќе има позитивно влијание и врз перцепциите и имиџот на Република Македонија во Брисел и кај земјите-членки.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели