Србинот Угреновиќ недостапен за судот во Охрид

Обвинетиот Бојан Угреновиќ од Краљево за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски повторно не се појави во судница.Од страна на МВР не било доставено известување дали е достапен на органите на прогонот.На Угреновиќ му се губи секаква трага.Семејството најблиските и охриѓани разочарани се сомневаат дека ја напуштил државата и се прашуваат дали воопшто ќе одговара за злоделото кое што го изврши за време на новогодишната ноќ 2016 година. Болката ,тагата и огромната загуба на семејството неможе ништо да ги надомести но тие бараат првдата да биде задоволена.
Мајката на прерано згаснатиот млад охриѓанец Матилоска вели дека раната никако не заздравува постојано си го поставува прашањето зошто го уби ама за жал на тоа прашање нема одговор.
Досега седум пати се одложува почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот Бојан Угреновиќ во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.
 
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Србинот Угреновиќ недостапен за судот во Охрид Категорија: МакедонијаНовинар: Нина Аритоновска

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели