Советот на Европа ќе размилува за укинување на санкциите кон Русија

Советот на Европа ќе ги разгледа можностите за донесување одлука за укинување на санкциите кон Русија, бидејќи стравува од повелкување на Москва од оваа меѓународна организација, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.
„Ќе биде лошо ако Русија ја напушти оваа организација, бидејќи конвенцијата и судот се многу важни за граѓаните на Русија“ изјави Јагланд и наведе дека повлекувањето на Москва би имало негативно влијание на Европа, пренесе „Спутник“.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели