Сони го повлече филмот „Сите пари на светот“ од АФИ Фест поради Кевин Спејси

Новиот филм на режисерот Ридли Скот „Сите пари на светот“ е повлечен од АФИ Фест поради обвинувањата за сексуално вознемирување против главната улога во филмот, Кевин Спејси.
Сони го повлече филмот за да не ги изложи глумците Марк Волберг и Мишел Вилијамс на непријатни прашања поврзани со однесувањето на Спејси.

– „Сите пари на светот“ е супер филм и заслужува да биде на АФИ Фест. Но поради моменталната ситуација со обвинувањата против еден од актерите ќе биде несоодветно да организираме гала прослава, се вели во соопштението на ТриСтар.
Тие соопштија дека филмот ќе излезе во декември како што и беше претходно планирано, соопштувајќи дека филмот не е дело само на една личност.
Од фестивалот АФИ ја поддржаа оваа одлука на Сони за да се обезбеди пристојна прослава за илјадниците луѓе кои што учествуваа во создавањето на филмот.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели