Снег во Хрватска и Босна, утре ќе вее и во Србија

Снегот што паѓа во регионот предизвика значително успорување на сообраќајот.
Поради снег движењето на возилата се одвива бавно во западните и централните делови на Босна и Херцеговина, а возачите се советуваат да возат внимателно и да ги почитуваат препораките.
Возењето се одвива споро и во зимски услови и во делови од Хрватска, а за утре е најавен снег и во јужните, југоисточните и источните делови на Србија, каде во ниските предели се очекува да падне од пет до десет сантиметри снег, додека на планините се очекува снег од 15 до 25 сантиметри.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели