Славни мажи и секс симболи, кои воедно се и „мамини синчиња“

Фатално привлечни славни мажи кои важат за секс симболи и имаат сè што една жена посакува. Сепак, нивното срце не може да се одвои од нивната мајка.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-001.jpg

Кристијано Роналдо, Леонардо ди Каприо, Бредли Купер, Бред Пит… сите овие згодни мажи до некаде се и мамини синчиња.

Со мајките се појавуваат на црвени теписи, јавни настани и не пропуштаат да ги спомнат во интервјуата…

Леонардо ди Каприо

„Мојата мајка е центар на мојот свет. Таа е вистинско богатство сама по себе и токму тоа е она што го барам во една жена,“ има изјавено актерот.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-01.jpg

Кристијано Роналдо

Роналдо и самиот има изјавено дека неговата мајка во голема мера влијае на неговите животни одлуки. Сега му помага во растењето на трите дечиња.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-02.jpg

Бредли Купер

Во Холивуд кружат гласини дека Бредли Купер имаше краток брак со Џенифер Еспозито (од само 4 месеци) токму заради неговата мајка, која не го одобрувала изборот на сопруга.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-03.jpg

Бред Пит

Уште една мајка која е неверојатна поддршка, посебно по разводот на Бред Пит од Анџелина Џоли.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-04.jpg

Дејвид Бекам

„Имам потреба да ѝ се заблагодарам на мојата мајка за многу работи во животот. Без неа, немаше да постигнам ништо,“ има изјавено фудбалската ѕвезда.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-05.jpg

Џастин Тимберлејк

Уште еден секс симбол кој признава дека неговата мајка е главната жена во неговиот живот. Дури има и тетоважа со нејзините иницијали.

slavni-mazi-i-seks-simboli-koi-voedno-se-i-mamini-sincinja-06.jpg

Извор – http://www.crnobelo.com/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели