Шпанија е подготвена да употреби сила против Каталонија

Ако Барселона се спротивстави на воведувањето на директно управување, Мадрид е подготвен да употреби сила за да го врати редот во Каталонија. Ова го изјави портпаролот на шпанскиот кабинет и министер за образование, Индиго Мендес де Виго, пишува британскиот весник „The Times“. Индиго Мендес де Виго изјави дека каталонската полиција ќе биде користена за да ги задуши протестите, кои го загрозуваат јавниот ред.

„Ниедна влада не сака акти на насилство, но Владата треба да се погрижи за почитување на законот и ако има луѓе од другата страна кои не сакаат да се потчинуваат на законот, тогаш преку каталонската полиција ќе треба да повратиме законот“, изјави за весникот шпанскиот министер.

Премиерот на Шпанија Маријано Рахој рече на крајот на минатата недела, дека Мадрид ќе наложи директно управување на Каталонија. Се очекува мерката да биде подложена на гласање во Сенатот, во петок (27-ми октомври).

Еден ден претходно во Барселона ќе објават мерки, кои тие ќе ги преземат во одговор на активирањето на член 155 од Уставот на Шпанија.

Извор – http://standard.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели