Шармантна трудница: Џесика Алба го истакна стомачето во црна креација покрај сопругот на гала

Џесика Алба не ги пропушта настаните на Baby2Baby. 36-годишната актерка ја поддржа и најновата гала на организација која цели да им обезбеди на сиромашните семејства производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.

На свеченоста, холивудската ѕвезда го истакна трудничкото стомаче во црн фустан со чипка. Креацијата е дело на модниот бренд Brock Collection.

Џесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика Алба

Таа беше придружувана од нејзиниот сопруг Кеш Ворен, со кого го очекува третото дете.

Џесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика Алба

Компанијата која ја поседува Алба, „Honest Company“, редовно донира дел од своите приходи за потпомагање на активностите на Baby2Baby.

Џесика АлбаЏесика АлбаЏесика АлбаЏесика Алба

Извор – http://www.femina.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели