Сервер: Можно е решение за името и прием во НАТО следната година

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.
– Да, решение, барем, за членство во НАТО, е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, условите (приликите) за тоа во моментов се ветувачки, истакнува Сервер.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели