Седуммина загинати во немири во затвор во Јужна Каролина

Седум лица загинаа, а 17 други се повредени во немири во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина, јави АФП.

Раководството на затворот во местото Бишопвил соопшти дека немирите почнале доцна синоќа, но дека ноќеска во 2:55 часот по локално време (8:55 часот по средноевропско време) состојбата била ставена под контрола.

– Инцидентот резултираше со 17 затвореници пренесени на медицински третман и со седумина убиени, се наведува во соопштението.

При немирите нема загинати или повредени затворски чувари.

– Во инцидентот учествуваа поголем број затвореници од три оддели на затворот, се додава во соопштението на затворката управа.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели