Се сруши танцов подиум во Шпанија, има повредени

Властите во Шпанија соопштија дека 22 лица се повредени на островот Тенерифе, откако се срушил подиумот за танц во ноќен клуб, а присутните паднале во дупката.
При рушењето се отворила дупка со големина околу четири квадратни метри, при што две лица претрпеле тешки телесни повреди.
Покрај Шпанци, меѓу повредените се и двајца Французи, една девојка од Белгија и маж од Романија.

Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели