Се самоуби велшкиот министер кој што беше обвинет за недолично однесување и вознемирување

Поранешниот велшки министер Карл Сарџент бил пронајден мртов само неколку дена откако против него беа изнесени обвинувања за недолично однесување.
Сарџет беше отпуштен од секретаријатот за заедници и деца во петокот, откако обвинувањата против него излегоа на виделина.
Тој беше оженет и татко на две деца, а според првичните информации се самоубил. Полицијата од Северен Велс изјави дека смртта не е под сомнителни околности.
Велшкиот парламент прекина со работа за да оддаде почит на Сарџент, а порпарол на семејството изјави дека семејството е во шок и побара да се почитува нивната приватност.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели