Се омажила за македонски пилот, а синот и починал на 6 години – трагичната судбина на пејачката која ја сака цел регион

Од трагедијата која ја доживеала, таа не успеала да се опорави до крајот на животот.
Црногорската пејачка на севдалинки Ксенија Цицвариќ, освен ангелски глас имала и живот полн со тешки моменти.
Имала 5 синови и ќерки, а сдубината сакала еден од нив да доживее трагедија.
После војната, која тешко ја поднела, Ксенија се омажила за пилотот Никола Новаковиќ од Македонија и со него ги добила првите две деца, пишува порталот Пулс оналјн.
Нејзиниот сопруг набрзо потоа бил одведен во логор, а таа со двете деца се вратила во Подгорица каде што работела секакви работи за да ги прехрани децата. Утеха пронашла во песната.
Животот ѝ се свртел за 180 степени на аудицијата Радио Титоград, кога нејзината кариера и официјално започнала.

Следувале фестивали, награди и голема популарност.
Кога веќе не добивала никакви вести за својот сопруг, таа започнала нов живот со новиот сопруг на кој му родила три деца.Меѓутоа, во сообраќајна несреќа која се случила недалеку од нивниот дом, загинал нејзиниот 6-годишен син Владимир.
Ксенија тогаш занемела од болка и не можела ниту да ја гледа улицата. Со сопругот и децата се преселиле во Белград, а по смртта на вториот сопруг заболела од астма.
Ксенија починала во Белград на 11 февруари 2007 година, на 72-годишна возраст
 
.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели