Сахара стига во Европа, а нема да не заобиколи ниту нас

На мапата објавена на порталот severe-weather.eu, песок и прашина од Сахара ќе пристигнат во нашиот регион по 8-ми јануари, а овој феномен ќе продолжи и во наредните денови.

Големи количини на песок со јужни ветрови од Сахара преку Медитеранот ќе стигнат до западна и централна Европа во следните неколку дена.

На мапата објавена на порталот severe-weather.eu, песок и прашина од Сахара ќе пристигнат во нашиот регион по 8-ми јануари, а овој феномен ќе продолжи и во наредните денови.

Голема количина прашина од Сахара прво ќе помине низ Италија, првенствено преку Корзика, по што следуваат Швајцарија, делови од Франција, Белгија, Холандија и Луксембург, па се до Велика Британија.

Струите од Северна Африка секоја пролет доведуваат од Сахара песок во нашите региони, само што неговата концентрација е понекогаш поголема, а понекогаш и помала.

Африканскиот песок паѓа најмалку два или три пати годишно, најчесто на пролет.

Да се потсетиме, пред 2 години регионот беше погоден од силен циклон, познат како “медитерански Ураган”, во кој имаше големи количини на песок од Сахара, донесе многу топол воздух, и “црвен” дожд или снег, кои содржат честички од песок од оваа пустина.

Црвениот или крвавиот дожд е метеоролошки феномен кој содржи црвени честички прав. Тие обично доаѓаат од пустини или слични средини, а жешкиот ветер ги носи низ атмосферата стотици или илјадници милји пред да падне правот до земјата.

Овие честички паѓаат заедно со дождот, давајќи му црвеникава или жолтеникава боја.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели