САД: Палестинската мисија ќе продолжи со мали ограничувања

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, отстапила од одлуката да ја затвори канцеларијата на Палестинската ослободителна организација во Вашингтон. Наместо укинување на канцеларијата, ќе бидат воведени ограничувања што ќе бидат во сила во наредните 90 дена.
Американски официјални лица, меѓу кои и државниот секретар Рекс Тилерсон, минатата недела соопштиле дека мисијата на ПЛО во Вашингтон, не може да остане отворена затоа што Палестинците ја нарушеле одредбата на американскиот закон, според која мисијата мора да биде затворена доколку тие се обидат пред меѓународниот кривичен суд да покренат постапка против Израелците за злочини над Палестинците.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели