САД ќе му достават на Бахреин оружје во износ од над 3,8 милијарди долари

Вашингтон, 9 септември 2017 (МИА) – Стејт департментот одобри пакет оружје за Бахреин во вредност од 3,8 милијарди долари, кој вклучува ловци Ф-16, ракети и патролни чамци, соопшти Пентагон.

Одобрението се совпаѓа со списокот испратен од Стејт департментот до Конгресот, кој минатата година ја одложи зделката поради стравувањата за почитувањето на човековите права во малата островска монархија во Персискиот Залив.

Бахреин ќе купи од САД 19 ловци Ф-16 В, произведени од компанијата „Локхијд Мартин“ во вредност од 2,7 милијарди долари, два 35-метарски чамци, вооружени со артилерија, 221 противтенковска ракета од компанијата „Рејтин“. Одделно од ова ќе бидат модернизирани ловците Ф-16, кои веќе се наоѓаат во Бахреин за сума од 1,8 милијарди долари.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во мај по средбата со кралот на Бахреин, Хамад бен Иса ал Халифа, која се одржа во Саудиска Арабија, изјави дека односите меѓу двете земји се подобруваат. ац/11:33

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели