Ристовски: СДСМ заради својата неспособност ќе се соочат со пораз на изборите

Претседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски на денешната прес – конференција рече дека СДСМ се свесни дека заради својата неспособност и штетни политики ќе се соочат со голем пораз на локалните избори.

– Според сите анкети и анализи разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС изнесува над 100.000 гласови. СДС затоа влегува од грешка во грешка, и затоа прават скандали, рече Ристовски.

Според него, СДСМ на овие избори има стратегија да ја ангажира полицијата во нивна функција и да го користи државниот буџет за поткуп на гласачи.

– Ова е директно мешање на партијата и државата, и директно и експлицитно злоупотребување на полицијата во партиски цели на СДС, рече Ристовски, повикувајќи ги полициските службеници да не дозволат да бидат инволвирани во вакви активности.

Обвини дека СДСМ на овие избори ќе го употреби и државниот буџет во партиски цели за, како што рече, да корумпираат гласачи. – На совеста на ДИК, јавното обвинителство и на меѓународната заедница е дали ќе реагираат на овој тежок, навистина тежок скандал, или ќе се обидат при очи да се прават дека ова не го гледаат, рече Ристовски.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели