Разбојници со закана со нож ограбиле таксист

Двајца разбојници му ставиле нож под грло на такси-возач и го ограбиле.
Според информациите на МВР, вчера во 04,05 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Филип Втори Македонски“, поточно на такси станица две непознати лица извршиле разбојништво над Р.Р.(30), возач на такси возило..
„Додека оштетениот возел, бил запрен од две непознати лица, кои седнале на задното седиште и му рекле да вози во правец на населбата Чаир. По поминати 50-ина метри, едно од лицата извадило нож и му го ставил под грлото на возачот и му побарало пари. По ова Р.Р. им дал 3.200 денари, а едно од лицата го удрило со рака во пределот на лицето“, соопшти МВР.
Кога стигнале на ул.„Дижонска“, застанале, а разбојниците уште неколку пати го удриле таксистот и избегале.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели