Расправија меѓу двајца мажи ја предизвикала паниката во Лондон

Британската полиција објави фотографии од двајца мажи што можеби ја предизвикале паниката во Лондон, кога се скарале на перон на метрото во Оксфорд стрит.
Имено, по лажни информации за пукотници на метро станицата се рашири паника и масовно бегство, поради што беа повредени 16 лица.
Откако полицијата евакуираше две метро станици, соопшти дека нема индиции дека бил отворен оган.
Властите првично ги третираа пријавените престрелки како терористички инцидент, а социјалните мрежи беа полни со алармантни лажни информации за пукање на неколку локации.
 
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели