Рахој: Приоритет на Мадрид е воспоставување на законот во Каталонија

Воспоставување на нормални услови и владеење на законот во Каталонија  е еден од главните приоритети на официјален Мадрид, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој во обраќање пред парламентот во Мадрид.

Шпанскиот сенат пак во понеделникот избра комисија од 27 сенатори, кои имаат задача да следат како владата во Мадрид ќе ја спроведува директната управа над Каталонија, со што би се спречило нејзино отцепување од земјата.

Извор – http://24vesti.com.mk/

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели