Путин: ИД претрпе целосен пораз во Источна Сирија

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека екстемистичката организација Исламска Држава претрпела целосен пораз во источнниот дел од Сирија. При посетата на Нижњи Новгород, тој го пренел тврдењето на министерот за одбрана Сертеј Шојгу, дека операциите против ИД се успешно завршени во околината на источниот и западниот брег на реката Еуфрат.
Путин вели дека е можно во некои делови од Сирија, екстремистите сè уште да пружаат отпор. Во 2015 Русија започна со воздушна воена поддршка на силите на сирискиот претседател Башар Асад.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели