Путин го потпиша законот со кој што од медиумите ќе може да се бара да се регистрираат како странски агенти

Законот со кој што на руските власти ќе им се овозможи да бараат странските медиуми кои работат во Русија да бидат регистрирани како „странски агенти“ беше потпишан од претседателот Владмир Путин.
Против овој закон, како и против барањето на САД руските медиуми да се регистрираат како странски агнети се произвесе претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлен Дезир.
Повеќе медиуми поврзани со САД, вклучувајќи ги и „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ веќе добија известување од руското министерство за правда дека ќе треба да се регистрираат како странски агенти.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели