Промовирана книгата “Обликување името Република Македонија на државата”

Д-р Ѓорѓи Михајловски во новото издание на книОбликување на името Република Македонија на државата ја анализира состојбата во која се наоѓа Република Македонија на патот кон Европската Унија и НАТО во контекст на проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име. Придобивките од членството во двете меѓународни организации, Михајловски ги анализира во два периоди – пред и по големата политичка криза во земјава во 2014 година.

Според Михајловски, македонската јавност е во заблуда кога станува збор за спорот со името што се води под покровителство на Обединетите нации. Она што треба да се знае од моментот на членството на Македонија во Светската организација е дека привремената референца ФИРОМ, односно БЈРМ мора да биде заменета со заедничко прифатливо име за Македонија и Грција, кое нема да биде на штета на ниту една од двете страни.

Книгата на Михајловски доаѓа во чувствителен момент за односите помеѓу Македонија и Грција. И грчките и македонските власти најавија дека по завршувањето на локалните избори во земјава, ќе се интензивираат преговорите за наоѓање решение за спорот со името, со што би се откочила европската и евроатланската интеграција на Македонија.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели