Промоција на две книги од унгарски автори во „Матица“

Две книги од унгарски автори ќе бидат промовирани вечер од 19 часот во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во организација на Унгарската амбасада и издавачката куќа „Матица македонска“.
Ќе бидат промовирани книгите „Ако животот е сон“ од Јанош Арањ, објавена по повод 200-годишнината од раѓањето на авторот, и „Десет унгарски поети на дваесеттиот век“ во избор и препев на Паскал Гилевски.
Како што соопшти „Матица“, на промоцијата ќе се обрати унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Дукс, а книгите ќе ги промовира писателот Раде Силјан.
Стихови на унгарски и на македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“ од Скопје.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели