Прилепското здружение на граѓани со дијабет ќе добие простории за своите активности

По повод 14 ноември, светскиот ден за борба против дијабетесот, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се сретна со членовите на здружението на граѓани со дијабет „Светлост за нас“.
Јованоски вети на здружението дека ќе им обезбеди просторија за нивните активности, а воедно и финансиски ќе ги поддржи, а секогаш ќе им биде на располагање за решавање на проблемите кои ги имаат членовите и здружението.
– Се договоривме за начинот на идната соработка. За своите активности здружението ќе добие простор во старата општинска зграда, освен тоа и финансиски ќе им помогнеме, рече Јованоски.

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели