Прилеп викендов ќе биде домаќин на натпреварот во параглајдинг „Прилеп Опен 2017“

Прилеп викендов ќе биде домаќин на четвртиот натпревар во параглајдинг „Прилеп Опен 2017“. На дводневниот натпревар што ќе се одржи на полетиштата „Трескавец“ и „Новоселски рид“ кај Долнени ќе учествуваат 50-тина пилоти од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Тие ќе ги демонстрираат своите вештини за прецизно слетување. Според организаторите временските услови не им се наклонети.
„Според метео извештаите се очекува посилен ветер и поради тоа не можевме до денеска да ја утврдиме точната локација на настанот. Сепак тоа не е проблем, организатроот и пилотите ќе чекаат поволни услови за почеток на натпреварот, што одлучивме ќе се одржи на полетиштата  ‘Трескавец’ и ‘Новоселски рид’ кај Долнени“, изјави Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстремни спортови „Skyriders“.
Клубот утревечер ќе одбележи 25-годишен јубилеј од својата работа.
„Со ова нашиот клуб ќе го одбележи своето 25 годишно постоење и ќе направиме уште еден настан кој ќе биде интересен за градот Прилеп и за неговите граѓани“, истакна Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот.
Целта на оваа манифестација е развој на параглјадерството и повиско рангирани натпревари во иднина, коишто ќе отворат нови  перспективи на организаторите и учесниците.
Извор: Макфакс

Powered by WPeMatico

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели