Предаден во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на градинката „Јасна Ристеска“ во Охрид

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид, свечено беше пуштен во употреба реновираниот објект „Развигорче“. На свеченоста на градоначалникот Јован Стојаноски му беше доделена благодарница, а признанија добија и вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Активностите во детската градинка во Охрид се дел од регионалниот проект „Изведба на енергетски ефикасни објекти во Југозападниот плански регион”. Вкупната вредност на проектот е речиси 3 милиони денари, од кои 2.400.000 се обезбедени преку програмите на Бирото за регионален развој, а 500.000 денари се учество на општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Со средствата од Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршена е промена на старата дотраена дрвена дограма со нови пвц прозори и врати, поставена е нова енергетски ефикасна термо фасада на објектот и променети се санитарните јазли, а со средства на општина Охрид и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ промената е старата канализациона мрежа.

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели