Пратениците му одговорија на Правобранителот дека од немарност не гласале за предлог мерките

Собранието не успева да ја одигра улогата што Уставот им ја гарантира обвини народниот правобранител. За прв пат вчера иако на седницата имаше доволен број на пратеници тие не ги изгласаа мерките за подобрување на човековите права и слободи. Со ова пратениците дрско го прекршиле и законот за народен правобранител. Иџет Мемети сега бара директно  од Владата да ги задолжи државните органи да ја поправаат констатираната состојба.  
По вчерашната седница Мемети се сретнал со пратеничките групи на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кои му изразиле поддршка и го увериле дека самите тие ќе иницираат мерките повторно да се најдат на седница за гласање. Од ДУИ кои вчера само со три пратеници учествуваше на седницата, велат дека препораките не биле изгласани поради техничка грешка. Пратениците на СДСМ не гласале од немарност рече пратеникот Тунтев. 
Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека владата води лажна грижа за заштита на човековите права.
– Овие мерки произлегуваат од препораките на Прибе кои владата се обврза да ги спроведе, а за владата на СДС сега тие треба да бидат игнорирани. Забелешките се однесуваат на воспоставената пракса на долготрајност на управните постапки и пречекорување на законски предвидениот рок за одлучување, но и на подобрување на механизмите за заштита на констатирани повреди на човековите права. велат од вмро дпмне
Критики до пратениците упатија и од хелсиншкиот комитет како и од повеќе невладини и граѓански организации. Инаку дел од предложените мерки се однесуваат на зајакнување на надворешната контрола врз полицијата и обвинителството, да се даде можност на народниот правобранител да вложува тужби до Управниот суд, на  извршителите да им се забрани блокирање на трансакциски сметки во банка. Според Мемети потребна е надградба на системот мој термин,меѓу другите мерки се бара  децата од улица да бидат впишани во матичните книги и да добијат идентитет, да се подобрат условите и безбедноста во затворите. Народниот правобранител бара и зголемување на надоместокот за социјална заштита а најранливите групи граѓани да бидат заштитени потрошувачи на електрична енергија, нулта толеранција за големите загадувачи како и низа други   мерки во  повеќе области. 
Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Пратениците му одговорија на Правобранителот дека од немарност не гласале за предлог мерките Категорија: МакедонијаНовинар: Мирјана Давидовска

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели