Пратениците ќе расправаат за нов јавен обвинител

Пратениците денеска на пленарна седница во Собранието ќе расправаат за предлогот на Владата, Љубомир Јовески да биде именуван за нов државен јавен обвинител. Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија, и 12 години искуство како јавен обвинител.
Член на Советот на јавни обвинители е од 2015 година. За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
В. М.
Извор: Макфакс

ТВ Орбис - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сподели